Револуционерната гарда на Иран најавува „најразорна операција во историјата“

Бројот на загинати во нападот врз училиште во Иран се искачи на 118. Иранските државни медиуми потврдија смрт на командант на копнените сили и клучен советник на врховниот лидер
epa12783421 Smoke rises following an Iranian drone attack on Erbil airport in Erbil, Iraq, 28 February 2026. Several drones were shot down over Erbil today after Iran reportedly launched retaliatory aerial attacks targeting US military positions in the region, including areas near the American consulate and Erbil International Airport. A joint Israeli and US military operation targeted multiple locations across Iran in the early hours of 28 February 2026. EPA/GAILAN HAJI

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи е убиен во израелско-американски напад, објавија ирански државни медиуми, додека регионот тоне во хаос и размена на ракетни удари.

Иранската државна телевизија потврди дека ајатолахот е мртов, а веста предизвика мешани реакции на улиците на Техеран – дел од граѓаните слават, додека други во солзи се собираат на јавни места.

Револуционерната гарда: „Следува најразорната операција“

Исламска револуционерна гарда најави почеток на „најразорната операција во историјата“, како одговор на нападите.

Во меѓувреме, иранските сили продолжуваат со ракетни напади кон Израел и кон земји од Персискиот Залив, вклучително и американски цели во регионот.

Тешки бројки и ескалација

Бројот на загинати во нападот врз училиште во Иран се искачи на 118. Иранските државни медиуми потврдија смрт на командант на копнените сили и клучен советник на врховниот лидер. Сирени за тревога одекнуваат во повеќе земји во регионот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави:
„Иран добива жестоки удари. Одмаздата е послаба отколку што очекувавме.“

Регион на работ на поширока војна

Ескалацијата меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран отвора ризик од поширок регионален конфликт со непредвидливи последици.

Светските лидери повикуваат на итна деескалација, додека Блискиот Исток влегува во можеби најопасната фаза од кризата во последните децении.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни