Reuters: Иран поставува посебен услов за прекин на огнот

Иран бара секој договор за прекин на огнот со САД и Израел да го вклучи и Либан и запирање на офанзивата против Хезболах, објавува Reuters, додека тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да ескалираат.

Иран им порачал на посредниците дека секој договор за прекин на огнот со САД и Израел мора да го вклучува и Либан, јавува Reuters, повикувајќи се на повеќе регионални извори.

Со ова, Техеран фактички бара прекин на израелската офанзива против Хезболах како дел од поширок мировен договор.

Либан како клучен услов

Според извештајот, иранската страна инсистира дека мирот не може да биде постигнат без запирање на нападите врз Либан, каде што Хезболах има силно политичко и воено влијание.

Изворите наведуваат дека Иран бара гаранции за безбедноста на своите сојузници во регионот. Либан мора да биде дел од секој поширок договор a израелските операции против Хезболах мора да престанат

Улогата на Хезболах

Хезболах, формиран во 1982 година со поддршка од иранската Револуционерна гарда, е една од најважните проирански групи во регионот.

Организацијата се вклучи во конфликтот со Израел во знак на солидарност со Иран, што дополнително ја ескалираше ситуацијата во Либан.

Политички и воени тензии

Израелските власти не потврдија директни преговори со Иран, додека претставници на американската администрација велат дека разоружувањето на Хезболах е клучно за стабилност и иранското влијание врз регионалните групи мора да се ограничи

Во меѓувреме, Либан се соочува со внатрешни политички тензии и притисок за разоружување на Хезболах.

Ескалација на теренот

Според либански извори, во последните недели загинале над 1.000 лица, раселени се повеќе од 1 милион луѓе

Израелските напади продолжуваат, додека шансите за поширок регионален договор остануваат неизвесни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни