Купувањето во продавници за половна облека понекогаш е чиста среќа – помеѓу стара облека и обични ситници, многу често се кријат вистински мали бисери.
Токму тоа се случило една сабота, а приказната многу брзо станала вирална.
Една жена споделила на Reddit дека пронашла кукла Барби од 1962 година во оригиналното пакување во продавница.
„Во целиот тој метеж, на полицата видов ретро Барби која се продаваше за девет евра“ напишала таа.

Мислела дека не е вистинска
Ја купила без размислување, убедена дека е репродукција.
Подоцна открила дека станува збор за Барбика од Mattel Platinum Blonde Bubble Cut – една од најретките и највредните Барбики од почетокот на шеесеттите години.
Колку вреди оваа кукла?
Според веб-страницата „The Toys Time Forgot“, истиот модел денес достигнува цена од околу 500 евра, додека последната аукција на eBay за примерок во полоша состојба заврши на 610 евра.
„Оваа има малку зеленило на ушите, веројатно од обетките, но е во одлична форма. Мислам дека ѝ недостасуваат обетките, но сè друго е неверојатно“, напиша новата сопственичка.
Реакции на корисниците
Приказната ја објавија бројни медиуми, а коментарите на корисниците на Reddit само ја зголемија еуфоријата.
„Ова е невозможно да се најде! Многу сум љубоморен!“, напишал еден корисник.
„А оние кои не ја знаат историјата на Барби можеби ќе претпостават дека има нешто посебно“, додаде друг.
Овој случај е доказ дека продавниците за половна облека сè уште кријат ретки скапоцености – сè што ви треба е малку среќа и добро око.
