Оваа недела РеТрн ни носи светски сјај – Elena Rei , еден од најуспешните македонски модели со интернационална кариера. Од пистите на Келвин Клајн, Армани, па сè до Валентино, Elena повеќе од една деценија е дел од модниот врв, со лице што светот го препознава.
Убава и грациозна, Elena својата приказна ја започнува на само 13 години, а денес живее и работи во Кина како топ-модел. Но, во оваа епизода таа ќе се соочи со необичен „моден предизвик“ – краток разговор со своето огледало, во кое, како што ќе видите, Дениз е заробен и во свој стил ја збунува. Ќе добие одговори или ќе остане без зборови?
Ќе дознаеме и:
• Кое е нејзиното омилено место во Скопје
• Кој е нејзиниот сон за патување
• Омилената поза за фотографирање
Не ја пропуштајте оваа епизода.