Оваа недела во РеТрн ДУО имаме специјална епизода исполнета со љубов, музика и хармонија – ни гостуваат Пере од Нокаут и неговата ќерка Миа! Ова е нивното прво заедничко појавување во ваков формат, а поводот е повеќе од убав – ексклузивно ја изведуваат заедно песната „Месечев сјај“, нивниот прв дует снимен минатата година.
Тие не се само музичко дуо – тие се татко и ќерка кои творат со срце. Енергијата меѓу нив е прекрасна, природна и заразна. Музиката ги поврзува, но и предизвикува – и токму тоа ја прави оваа епизода толку посебна.
Во разговорот со нив дознаваме:
Што мислат еден за друг кога станува збор за музиката
Што најмногу ги нервира еден кај друг?
Кој талент би го издвоиле како најкарактеристичен еден за друг?
И… што би работеле, доколку не беа музичари?
Подгответе се за една топла, спонтана и музичка епизода. Не ја пропуштајте!