РеТрн ДУО: Георги Унковски и Наум Доксевски – филмските мајстори зад DJ Ахмет

Оваа недела во РеТрн ДУО ни гостуваат режисерот Георги Унковски и директорот на фотографија Наум Доксевски- креативниот тандем кој стои зад филмот DJ Ахмет . DJ Ахмет, веќе освои неколку меѓународни награди и ја стави македонската кинематографија на светската мапа.

Во Македонија филмот премиерно беше прикажан на затворањето на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, а од 1-ви октомври сите ќе може да го гледаат во Cineplex во Скопје. „Светско, а наше“ – и со приказна која ги спојува традицијата и новото на начин што ретко сме го виделе на филмското платно.

Во оваа епизода Георги и Наум откриваат:
– Зошто токму овој филм треба да го гледа секој ?
– Што го прави DJ Ахмет различен од сите нивни досегашни проекти?
– Кои биле најтешките моменти при снимањето?
– Које е пораката што ја носи филмот?
– И најважното: како ќе реагира македонската публика?

Подгответе се за искрен разговор со филмски муабети и приказни од зад сцената од снимањето на филмот DJ Ахмет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни