Републиканците во Сенатот го поддржаа Трамп: Блокирана резолуцијата за ограничување на нападите врз Иран

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата со која требаше да се ограничи можноста претседателот Доналд Трамп да продолжи со воените напади врз Иран без одобрение од Конгресот.

Републиканците во Сенатот на САД ја поддржаа воената кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран, блокирајќи резолуција со која требаше да се спречи продолжување на нападите без одобрение од Конгресот.

Од вкупно 100 сенатори, 52 гласаа против резолуцијата, а 47 ја поддржаа, главно по партиска линија. Речиси сите републиканци гласаа против предлогот, додека најголем дел од демократите го поддржаа, пренесува агенцијата Reuters.

Спонзорите на резолуцијата, меѓу кои имало и неколку републиканци, тврдеа дека целта е Конгресот да ја преземе уставната надлежност за објавување војна, како што е предвидено во Уставот.

Од друга страна, противниците на предлогот сметаат дека одлуката на Трамп е легална и дека тој има право како врховен командант да нареди ограничени воени удари за заштита на САД.

Се очекува и Сенатот утре да се изјасни за ова прашање.

САД и Израел 28 март извршија напади врз Иран, кои ги опишаа како „превентивни удари“, по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма.

По нападите, Техеран започна масовни одмазднички ракетни и дронски удари врз Израел и врз цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни