Илја Григоров е независен хип-хоп артист од Бугарија, креативен директор и основач на фабриката за винилни пресови РАКАМАКАФОН. Како што страста за музиката расте со годините, Илија и двајца од неговите блиски пријатели одлучија да се впуштат во дивото патување на создавање хаб за винилната култура во Бугарија, каде што сите балкански артисти кои произведуваат помали единици винил ќе бидат третирани со заслужено внимание. Rakamakafon Ltd. ќе обезбеди висококвалитетни винили за сите европски земји, но со приоритет за балканските земји и помалите артисти и издавачи, кои ќе ги добијат своите пакети навреме. Илија беше гостина на годинештото издание на ПИН конференцијата која викендов се одржа во Скоје во МКЦ. Во интервјуто со Илија зборуваме за продукцијата на музика, физичкиот процес, мисијата на брендовите и механиката на сето тоа, за ренесенсата и за иднината на винилот.
Tрн: Колку време работите во фабриката за винили каво е искуството до сега?
Илја: Сè уште го градиме и наскоро ќе ги пренесеме машините за пресување винил. Се надеваме ќе стартуваме кон крајот на јануари. Патувањето до сега беше страшно и убаво, и многу, многу тешко.
Tрн: Работите со независни артисти, компании или со големи продукции?
Илја: Се фокусираме главно на независни артисти и издавачи. Ова е наш приоритет.
Tрн: Како ја гледате иднината на винилот во сè повеќе дигитализираната музичка сцена? Дали е зголеменото барањето за винилни плочи во последните години?
Илја: Иднината на винилот всушност е многу светла бидејќи многу слушатели на музика се повеќе фокусирани кога слушаат винил и имаат физичко искуство со него. Не сакам да кажам дека дигиталното слушање на музика е лошо, само е повеќе хаотично. Бидејќи сме бомбардирани со информации во дигиталниот простор, преминувањето на физички плочи е само логично.
Tрн: Што мислите дека ја покренува популарноста на винилот, особено денес во дигиталната ера?
Илја: Луѓето се чувствуваат посебно, значајно и поблиску до артистот кога купуваат физички копии. Дигиталното е добро, но не му дава доволно на артистот, а винилната култура е токму за поддршка на вашата омилена музика. Случајно или не, винилот е исто така најголемиот и најличниот сувенир што можете да го добиете од еден артист.
Tрн: Постојат ли нови трендови во продукцијата на винил што ги следите?
Илја: Квалитетот секогаш е најважен. Исто така, во продукцијата на винил не постојат многу „трендови“ во вистинскиот смисол на зборот. Се прават тестирања и експерименти со целосно нефлексибилни материјали за производство на винил, но има долг пат до вистински да ги доживееме.
Tрн: Што се најчестите предизвици со кои се соочувате во продукцијата на винил и како ги надминувате?
Илја: Технички и инженерски проблеми при производството на винил. Некогаш комуникацијата ќе биде тешка. Но, ние сме подготвени за сите проблеми што ќе дојдат.
Tрн: Кои се вашите планови за иднината на фабриката за винил и како планирате да го развивате и проширувате вашиот бизнис?
Илја: Нашата цел е да го затвориме процесот во 360 степени. Во иднина, сакаме да имаме опрема за мастеринг, галванизација и печатница. Ова ќе го осигури нашиот долг животен век и ќе помогне во развојот на винилната култура на Балканот.
Tрн: Како ја гледате индустријата за винил во следните 5 до 10 години?
Илја: Секогаш е коцкање, ништо не е 100% сигурно. Сè што знаеме е дека сакаме да ја поминеме винилната култура напред и да направиме можно за повеќе и повеќе независни артисти да добијат свои квалитетни изданија на време. Тоа е работата. И ќе бидеме горди да ја правиме тоа во следните 50 години.