Воедно, тоа е осма годишна титула за Renault и прва за Alpine, а резултатот беше објавен овој петок на отворањето на салонот за автомобили во Брисел.
По втор пат во 62-годишната историја на оваа награда, истиот производител на автомобили освои две последователни титули. Првиот и последен пат тоа се случи во 1995 и 1996 година, кога Fiat триумфираше со моделите Punto и Bravo.
Двата победнички електрични модели беа изградени на малата платформа Renault–Nissan AmpR, наменета за мали електрични автомобили. Ги делат повеќето компоненти и делови од телото, како и батеријата, освен што Alpine A290 има спортска суспензија и малку поинаква електроника, поширока спортска каросерија.
Renault 5 E-Tech и Alpine A290 освоија по 353 поени од жирито. Зад нив беше малиот електричен SUV Kia EV3 со 291, како и дуото мали класични и електрични кросовер модели Citroen C3 и e-C3, кои освоија по 215 поени.
Модерниот електричен Renault 5 е вкупно осмиот модел од познатата француска компанија кој ја освоил титулата Европски автомобил на годината. Пред него во овој престижен избор триумфираа: Рено 16 – 1966 година и Рено 9 – 1982 година.
1990-тите беа обележани со првата генерација на Renault Clio во 1991 година и со пространиот и практичен Scenic во 1997 година. И во 21 век, европските ловорики ги добија Renault Megane во 2003 година, Clio „тројката“ во 2006 година и минатогодишниот победник Renault Scenic E-Tech.