„Студентите сакаат протестот да помине мирно и достоинствено, а не да има конфликти или несакаани сцени, како што можеби некои групи и поединци сакаат. Мислам дека како општество треба да бидеме свесни и разумни и да се однесуваме мирно во тој ден“, изјави Ѓокиќ.
На потсетување дека студентите не повикале на насилство, ниту рекле дека протестот во сабота е „ден Д“, ректорот нагласи дека студентите изјавиле дека сакаат на мирен и гандиевски начин да дојдат до подобро општество.
„Мислам дека ваквите изјави се целосно штетни. Не е во ред на студентите да им се обраќаат на тој начин, како да се тие тие што сакаат да предизвикаат инциденти, немири и нарушување на јавниот ред. Тие повеќе пати изјавиле дека секогаш се за мирни настапи и изјави, и на јавни собири и на факултетите. Целата академска заедница стои зад нив, не само нашиот универзитет, туку и останатите пет универзитети во земјата каде што има блокади. Тие имаат се поголема поддршка од останатите делови на општеството и сметам дека се борат за вистинска работа, и секоја поддршка за нив е неопходна во нивната борба до постигнување на целите“, изјави Ѓокиќ.
На прашањето дали има порака за студентите од Пионерски парк, тој изјави дека ќе им даде одговор кога ќе се знае кога ќе завршат блокадите.
„Сите факултети имаат подготвени програми за да се нормализира наставата“, додаде Ѓокиќ.
За време на конференцијата, дел од новинарите беа зад вратата.
„Ние ги повикавме новинарите кои објективно известуваат за ситуацијата и протестите, но има и такви кои тоа го прават на друг начин, и не сакаме да влегуваме во дискусија со нив. Имаме право да не комуницираме со некои медиуми, ако објавуваат агресивни информации“, истакна тој.