Ректорот на Белградскиот универзитет по сослушувањето: Ова е пријава против целата академска заедница

„Не знам како ќе се води понатаму постапката. Ова е пријава против сите декани, студенти, професори, академската заедница. Се надевам дека академската заедница ќе остане обединета и сложна“, рече тој.

Ректорот Владан Ѓокиќ изјави за медиумите по речиси три часа сослушување во УКП дека ова е „пријава против целата академска заедница“.

Како што рече ректорот, вчера добил повик да се јави во полиција поради кривична пријава што е поднесена против него.

„Почитувајќи ги законите на оваа земја, дојдов и дадов изјава, каде што реков дека сметам дека не сум направил никакво кривично дело. Ова кривично дело ми се става на товар мене, но и на сите членови на академската заедница кои со месеци се обидуваат да артикулираат и донесат некои одлуки кои ги започнаа студентите, а ги поддржаа професорите и граѓаните на оваа земја“, изјави тој.

Им се заблагодари на сите кои дошле и на сите кои даваат поддршка.

„Не знам како ќе се води понатаму постапката. Ова е пријава против сите декани, студенти, професори, академската заедница. Се надевам дека академската заедница ќе остане обединета и сложна“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни