Проширениот ректорат на Универзитетот во Белград го осуди нападот на деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ, и порача дека бара итна реакција од надлежните органи, не само во правец на покренување постапки и изрекување соодветни санкции за сторителот, туку и преземање мерки со кои ќе се обезбеди спречување на незаконски насилни акти кон членовите на академската заедница и останатите граѓани.
Проширениот ректорат на Универзитетот во Белград е шокиран од овој чин и бара итна реакција од надлежните органи, не само во правец на покренување постапки и изрекување соодветни санкции за сторителот, туку и преземање мерки со кои ќе се обезбеди спречување на незаконски насилни акти против членовите на академската заедница и останатите граѓани кои мирно протестираат и ги изразуваат своите уверувања и ставови, стои во соопштението.
„Нагласуваме дека овој акт на насилство треба да се гледа во контекстот во кој е извршен, односно во врска со атмосферата која е создадена од клевети, навреди, закани и притисоци од страна на носителите на високи јавни функции и таблоидни медиуми. Веќе предупредувавме дека континуираните вербални напади во јавниот простор, на кои е особено изложен ректорот на нашиот Универзитет, претставуваат чекор кон отворена репресија, но и создавање на амбиент кој практично поттикнува насилство против студентите и професорите“, стои во соопштението.
Ректоратот бара да престане говорот на омраза кој може да доведе до трагични последици.
„Бараме од институциите да преземат мерки за утврдување на одговорноста на медиумите, како и на лицата кои со своите јавни настапи влијаат на предизвикување нетрпеливост и конфликти во општеството и вршат притисок врз правосудството, со што го загрозуваат безбедноста на граѓаните. Остануваме единствени во одбраната на правото на членовите на академската заедница на мирен и достојствен протест во цел на заштита на јавниот интерес“, се вели во соопштението.
Деканката на Филозофскиот факултет Наталија Јовановиќ била нападната со нож во Ниш, а потоа била одведена од полицијата. Во Ургентниот центар во Ниш и била зашивена раната на раката. Жената која ја нападнала деканката полицијата ја задржала до 48 часа.