Рекорден одѕив на конкурсот на Министерството за култура – Кои се експертите што ќе одлучат кои проекти ќе добијат поддршка?

Рекордни 2,900 пријави пристигнале на конкурсот на Министерството за култура, а новоформираните комисии ќе одлучуваат кои проекти ќе добијат поддршка во 2024 година. Министерството, по препораките на Државниот завод за ревизија, за првпат подготви Упатство и правилници за критериумите за именување на членовите на комисиите, со цел поголема транспарентност и ефикасност.

Членовите на комисиите што ќе ја носат одлуката се:

  • Музичка дејност: проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, м-р Весна Малјановска и Сарана Адеми
  • Ликовна дејност: редовен проф. Антони Мазневски, академски скулптор Томе Аџиевски и граѓански активист Исмаил Мислими
  • Драмска дејност: Крсте Јовановски, Рубенс Муратовски и Вулнет Кучи
  • Издавачка дејност: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Марина Мијаковска и м-р Флорентина Фетахи
  • Фолклор: Филип Арилон, Мирко Стефановски и Емин Гаџа
  • Музејска дејност: проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. Мустафа Куртиши
  • Заштита на културно наследство: проф. д-р Драги Митревски, проф. д-р Марјан Јованов и Ерон Белули
  • Библиотечна дејност: проф. д-р Солзица Поповска, д-р Иван Заров и проф. д-р Шенер Билали

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни