Рекорд во Германија: Бројот на банкроти поголем отколку за време на светската криза

Бројот на фирми кои банкротирале во Германија во 2025 година е зголемен за 15,2% во споредба со минатата година, надминувајќи го рекордот од светската финансиска криза во 2009, поради високите камати и економските проблеми.

Темпото на пропаѓање на германските компании нагло се забрза во декември, соопшти во понеделникот Destatis. Бројот на банкроти е за 15,2% поголем отколку пред 12 месеци, по 5,7% во ноември.

Бројките покажуваат само започнати постапки, а не и завршени процедури за несолвентност, кои обично траат околу три месеци, додаваат статистичарите. Само завршените постапки се вклучуваат во конечниот број, пренесува dpa.

Засега официјалните податоци за целата година не се достапни, но Институтот за економски истражувања во Хале (IWH) проценува дека бројот на пропаднати компании, 17.604, го надмина рекордот од 2009 година, во врвот на светската економска и финансиска криза.

Компаниите пропаѓаат поради проблеми кои потекнуваат уште од кризата предизвикана од пандемијата, но и поради растечките камати на заеми, наведува IWH во анализа. Свој придонес даваат и економските проблеми во Германија.

Особено често пропаѓаат претпријатија во секторите транспорт, угостителство и градежништво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни