Младинскиот образовен форум во соработка со Regional Youth Cooperation Office – RYCO и Универзитетско студентско собрание – УКИМ, од 17 до 19 ноември на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, организира тридневен настан по повод Меѓународниот ден на студентите – Регионална станица студентска: Меѓународен ден на студентите
Станица студентска ќе вклучува три панел дискусии на теми како студентско организирање, интеруниверзитетска соработка и регионална соработка, а паралелно, ќе се организира и саем на студентски и младински организации. Дополнително, ќе се лансира платформата за флексибилна студентска работа – Линкер.