Во петок на 23 август во 20.00 часот во кафе Буква ќе се одржи реге вечер со Outernational Inity.
Outernational Inity е дружина обединета да го промовира регето во интернационални рамки. Во дружината членуваат повеќе реге имиња од различни држави во Европа и сите се со сериозен диџејски бекграунд. Гето Руди е македонскиот претставник од оваа дружина, потоа добро познатиот Rub-A-Dub Ramses од Холандија, кој ќе настапува заедно со RasTaphant од Унгарија, а вечерта ќе ја отвори реге дамата наречена LAY DNA, која има унгарско и естонско потекло.
И на крајот, тука е и НиКој со неговите даб виртуозни плочи