Редовната употреба на „аспирин“ значително го намалува ризикот од рак на панкреас

Редовната употреба на аспирин значително го намалува ризикот од развој на рак на панкреасот, особено кај пациентите со дијабетес, покажа едно ново истражување истражување.
Фото: Pietro Izzo/Flickr

Истражувањето финансирано од организацијата PLANETS Cancer Charity и спроведено од Универзитетската болница Саутемптон и Универзитетот во Саутемптон откри 40 отсто намалување на ризикот за појава на рак на панкреасот кај луѓето со дијабетес и пад од 20 отсто за општата популација.

Студијата, која е објавена во списанието „Панкреатологија“, е најголемата од ваков вид која ја истражува врската помеѓу аспиринот и аденокарцином на панкреасниот канал (PDAC).

Истражувањето опфати речиси 10.000 учесници од UK Biobank, група од 500.000 лица на возраст меѓу 37 и 73 години, регрутирани помеѓу 2006 и 2010 година.

Двете групи, оние со дијабетес и општата популација, покажаа одржлив намален ризик од развој на рак на панкреасот две и пет години по започнувањето на редовна употреба на аспирин.

Истражувањето се усогласува со претходните студии кои укажуваат на превентивните ефекти на аспиринот против различни видови на рак.

Наодите се сметаат за „значаен“ напредок во борбата против ракот на панкреасот, познат по слабата стапка на преживување.

Портпаролот на организацијата PLANETS Cancer Charity изјави дека резултатите би можеле да ги променат пристапите за лекување на она што е „еден од најлошите“ видови на рак поради ниските стапки на преживување.

„Луѓето над 50 години кои развиваат новопојавен дијабетес имаат 10 пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со рак на панкреасот отколку општата популација. Иако причините за врската не се јасно дефинирани, и двете се болести на панкреасот и вклучуваат нетолеранција на шеќер.“

Д-р Заед Хамади, консултант за хепатобилијар, панкреас и роботски хирург во Универзитетската болница Саутемптон, рече: „Ракот на панкреасот е оценет како еден од најлошите видови на рак и речиси секој погоден од рак на панкреасот ќе умре во рок од пет години од нивната дијагноза, шанси за преживување имаат тие на кои им е дијагностицирана болест во рана фаза погодна за куративна хирургија“

„Откривме дека постои 20 отсто намален ризик кај општата популација, што беше докажано во минатото со други видови на рак, особено на дебелото црево, но сега може да се реплицира и кај ракот на панкреасот.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни