Редок феномен во дивината: Поларна мечка посвои туѓо младенче

Истражувачите во северна Канада забележаа исклучително редок случај на посвојување меѓу поларни мечки, документиран за време на годишната миграција кај Хадсоновиот Залив.

Истражувачи кои ги следат поларните мечки во северна Канада оваа есен забележале исклучително редок феномен, мајка поларна мечка посвоила младенче кое не било нејзино биолошко потомство.

Петгодишната мечка била забележана за време на годишната миграција на поларните мечки долж западниот брег на Хадсоновиот Залив, во близина на градот Черчил, Манитоба, регион познат по големата популација на овие животни. Со неа биле две младенчиња на возраст од околу 10 до 11 месеци.

„Ова е многу невообичаено. Не знаеме точно зошто се случува, но знаеме дека е исклучително ретко“, изјави Алиса Меккол од организацијата Polar Bears International.

Станува збор за само 13-ти документиран случај на посвојување меѓу повеќе од 4.600 поларни мечки кои се следени во регионот во изминатите речиси 50 години.

Истата мечка била првпат регистрирана во пролетта, кога излегла од леглото со едно младенче, кое било означено за научни истражувања. Кога повторно била забележана наесен, научниците утврдиле дека со неа има две младенчиња, означеното и уште едно, без ознака.

Истражувачите засега не знаат што се случило со биолошката мајка на второто младенче, но се обидуваат да ја идентификуваат преку генетски анализи.

„Со климатските промени, поларните мечки денес имаат потреба од секоја можна поддршка“, изјави Еван Ричардсон, научник од канадското Министерство за животна средина и климатски промени. „Доколку женките имаат можност да прифатат и успешно да одгледаат дополнително младенче, тоа е позитивно за популацијата на мечки во Черчил.“

Според научниците, поларните мечки во дивината имаат околу 50 проценти шанси да доживеат зрелост, но грижата од мајка значително ги зголемува шансите за преживување.

Двете младенчиња се во добра здравствена состојба и се очекува да останат со мајката до околу две и пол години возраст. Потоа, семејството ќе се упати кон морскиот мраз, каде младенчињата ќе учат како да ловат фоки и самостојно да преживуваат.

„Убаво е да се знае дека мечките, на некој начин, се грижат една за друга“, додаде Ричардсон.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни