Оваа игра им овозможи на илјадници љубители на легендарниот Тетрис од цела земја да ја покажат својата прецизност, стратегија и фокус – клучните елементи што го издвојуваат најдобриот меѓу најдобрите.
Сега, 8-те најдобри играчи ќе ја имаат шансата да ги одмерат своите способности на националното финале, кое ќе се одржи во среда, 12 ноември, во 18:00 часот, во кафе бар Читална при студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
По квалификациите на телефон, финалистите се спремни за следниот чекор – да ги остават телефоните и да преминат на компјутер, каде ќе се соочат еден на еден во серија возбудливи дуели исполнети со нови пресврти, темпа и тактики. Само еден од нив ќе ја освои титулата национален шампион и ќе обезбеди место на светското финале во Дубаи, каде ќе ја претставува Македонија меѓу најдобрите Red Bull Tetris® играчи во светот.
Харизматичните Марио и Огнен од подкастот “Дебели Гикови” ќе го водат целиот настан, а оние што нема да можат да присуствуваат на настанот во живо, ќе може да го следат нивниот live stream на YouTube, кои ќе го пренесуваат националното финале во своја препознатлива атмосфера, со коментари, интеракција со гледачите и хумор што гарантира одлична забава.
Подгответе се за финале исполнето со брзи реакции, Red Bull пресврти и добра енергија.
