Red Bull оваа сезона има најголем спонзорски договор во шампионатот на Формула 1, иако соработката со нивниот главен партнер не е нова. Уште во 2022 година, тимот постигна договор со американскиот технолошки гигант Oracle, кој стана главен спонзор. Според достапните информации, по тој договор поранешните светски шампиони заработуваат околу 110 милиони долари годишно.
Ferrari е многу блиску до овој износ, благодарение на соработката со компанијата HP, чиј договор се проценува на нешто над 100 милиони долари по сезона. Според порталот RacingNews365, овие два договора се единствените во Формула 1 годинава кои ја надминуваат границата од 100 милиони долари.
McLaren, актуелниот светски шампион, исто така се наоѓа меѓу водечките тимови по спонзорски приходи. Нивниот договор со Mastercard им носи околу 90 милиони долари годишно, при што од тимот објаснуваат дека станува збор за „title sponsor“ партнерство, а не само класичен главен спонзор.
Меѓу најголемите договори се истакнуваат и оние на Audi, кој од Revolut добива 75 милиони долари по сезона, како и Aston Martin, кој од саудискиот нафтен гигант Aramco добива истиот износ. Според непотврдени информации, Mercedes од долгогодишниот партнер Petronas добива околу 80 милиони долари по сезона.