Истажување

Рецептот за совршен брак e најмалку две квалитетни кавги месечно

Успешниот брак се состои и од расправии, потврди една неодамнешна студија. Сепак, важно е паровите да не одат скарани во кревет и да можат добро да се насмеат по расправијата.

„Рецептот за совршен брак вклучува шест значајни разговори, три долги прошетки и две големи кавги – секој месец“.

Ова го покажало истражувањето спроведено на 2.000 брачни парови во Обединетото Кралство. Тие откриле и дека уживаат во најмалку два кратки и два долги одмори годишно кои ги прават заедно.

Покрај тоа, најсреќните парови потврдиле дека имаат секс пет пати неделно и си велат „те сакам“ до 20 пати во две недели. Тие се бакнуваат два или три пати на ден и се гушкаат точно 11 пати неделно.

„Многу парови велат дека се чувствуваат повеќе поврзани откако ќе се вратат од заедничко патување за викендот, а тоа помага да се завршат и домашните обврски“, вели Сејмон Томпсон, директор на хотелската група која го нарачала истражувањето преку OnePoll. Но, истражувањата покажаа и дека среќните парови си ги простуваат лошите навики, никогаш не си легнуваат лути и нежно го игнорираат партнерот кога е раздразлив или под стрес.

Освен тоа, истражувачите откриле дека 63 отсто од испитаниците сметаат дека е важно нивниот партнер да се однесува романтично. И додека мнозинството истакнале дека се воодушевени од заедничкото патување, околу 30 отсто посочиле дека доволен е и само гест како што е вечера надвор од домот. А интересно е и тоа што половина од испитаниците кажале дека се среќни кога партнерот ќе го фрли ѓубрето место нив.

Извор: pink.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни