Речиси сите продадени автомобили во Норвешка биле електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација во четвртокот, што ѝ помогна на земјата да ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

Целосно електричните возила учествуваа со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката транспортна асоцијација (OFV).

„Ни требаат само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта во 2025 година“, се вели во соопштението на OFV.

Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој било голем пазар на автомобили и повеќе од 82та проценти во 2023 година.

И покрај тоа што е главен производител на нафта и гас, Норвешка има цел сите нови продадени автомобили да бидат со „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, 10 години пред целта на Европската унија, чиј член не е Норвешка.

Во 2012 година, електричните автомобили сочинуваа само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш продажбата експлодираше благодарение на различните стимулации.

Сопствениците на електрични возила добија ослободувања од повисоки даноци, што ги направи конкурентни со високо оданочените автомобили со внатрешно согорување.

Тие исто така беа ослободени од патарина, имаат бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можат да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации беа постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа секојдневие.

Најмногу продадени електрични автомобили во Норвешка се Теслка со 19 отсто, а потоа следат Volkswagen, Toyota, Volvo и BMW.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни