Речиси 3,7 милиони денари од државната каса за патувањето на Министерството за култура на ЕКСПО 2025 во Јапонија

Министерството за култура потрошило 3.698.975 (три милиони шестотини деведесет и осум илјади и деветстотини седумдесет и пет) денари за патувањето на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија за сместување, авионски билети и трошоци за превоз во Јапонија.

Министерството за култура, на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, достави податоци во врска со службеното патување во Јапонија за ЕКСПО 2025. Според информациите до кои дошле од Инфомакс, за оваа намена се потрошени речиси 3,7 милиони денари.

Овие средства не ги опфаќаат трошоците на претставниците од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и од Владата, чии трошоци остануваат непознати бидејќи сè уште нема одговори од овие институции на испратените барања за информации.

Само за дел од сместувањата во Јапонија биле издвоени 1.578.400 јапонски јени, што изнесува околу 620.394 денари.

4o

Од Министерството ги испратија и фактури.

За авионски билети се потрошени 2.650.180 денари.

На авионските билети погоре ги има и имињата на лицата кои патувале во Јапонија.

Билетите на министерот и неговата шефица на кабинет се набавени посебно и чинат 282.700 денари.

За патување со воз платени се за министерот и шефицата на кабинет се платени 39.980 јени, односно 15.714 денари.

За хотелско сместување на министерот и шефицата на кабинет во Осака се потрошени вкупно 574.676 јени или 225.877 денари.

За сместување на министерот и шефицата на кабинет во Токио се потрошени 330.712 јени, односно речиси 130.000 денари.

Во доставените информации не се вклучени трошоци за дневници на функционерите, како ни евентуалните средства потрошени за репрезентација, исхрана и други слични ставки.

Сè уште не е јасно какви конкретни придобивки за граѓаните произлегуваат од ова патување, ниту пак Министерството за култура понуди објаснување во таа насока.

Познато е дека делегацијата од ова министерство потрошила над 60.000 евра, додека останува да се види дали и делегациите од Министерството за надворешни работи и Владата имале слични расходи. Рокот за добивање на одговори од овие институции истекува во наредните денови.

Извор: Infomax

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни