„Real Talk“ во Куманово: Млади Роми ќе зборуваат за идентитет, еднаквост и иднина

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во Куманово ќе се одржи панел-дискусија со млади Роми за нивните искуства, предизвици и визии за еднакво општество.

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, RROMA организира серија настани посветени на ромската култура, идентитет, еднаквост и општествено вклучување.

Еден од клучните настани е „Real Talk: Roma Youth – International Roma Day“, кој ќе се одржи на 7 април од 12:00 до 13:30 часот во Општина Куманово, во соработка со Europe House и Општина Куманово.

Настанот ќе донесе отворена панел-дискусија со млади Роми кои ќе ги споделат своите лични приказни, животни искуства и визии за иднината. Целта е да се отвори искрен дијалог, да се рушат стереотипи и да се поттикне поголемо разбирање и еднаквост во општеството.

Организаторите посочуваат дека станува збор за затворен настан, но со силна порака за важноста на младинскиот глас и инклузијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни