Разорни торнада и бури го погодија САД: Најмалку 40 загинати, градови збришани од мапата!

Најмалку 40 лица го загубија животот, а десетици се повредени во разорните торнада и бури што минатиот викенд ја погодија централната и јужната област на САД. Невремето, проследено со силни ветрови, поројни дождови и пожари, остави зад себе пустош – уништени домови, урнати згради и патишта покриени со превртени возила.

Најголем број жртви се регистрирани во сојузната држава Мисури, каде што загинаа најмалку 12 лица. Осум луѓе го загубија животот во Канзас поради верижен судир предизвикан од песочна бура, шестмина загинаа во Мисисипи, а четири во Оклахома, каде што дополнителен проблем претставуваат бројните пожари.

Гувернерот на Мисури, Мајк Кехо, по посетата на најпогодените подрачја изјави дека ситуацијата е катастрофална:
„Штетата е страшна. Цели населби се збришани, луѓето останаа без домови, а обновата нема да биде лесен процес.“


Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека неговата администрација внимателно ја следи ситуацијата и дека Националната гарда е веќе распоредена во Арканзас за да им помогне на погодените заедници.

Според податоците на Американската национална агенција за океани и атмосфера (NOAA), во 2024 година низ САД биле регистрирани речиси 1.800 торнада – најголем број уште од 2004 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни