Разлики во пензиите во ЕУ: Од 4.479 до 38.031 евра годишно

Просечните пензии во Европската унија се движат од само 4.479 евра во Бугарија до 38.031 евра на Исланд. Како се менуваат ранговите кога се зема предвид куповната моќ и социјалните придобивки?

Според податоците на Евростат, во 2023 година просечната бруто годишна пензија во Европската унија изнесувала 17.321 евра, односно 1.443 евра месечно.

Разликите меѓу земјите членки се големи и годишните пензии варирале од 4.479 евра во Бугарија до 34.413 евра во Луксембург. Ако се погледнат 34 европски земји, просечните годишни пензии се движат од 3.377 евра во Турција до 38.031 евра на Исланд, што значи дека највисоката пензија е повеќе од десет пати поголема од најниската.

Четирите најголеми економии во ЕУ – Италија, Шпанија, Франција и Германија – се над просекот на ЕУ. Заедничко за овие земји е што имаат големи државни пензиски системи и помали професионални системи кои ги покриваат само одредени сектори или работодавци. Затоа трошоците за пензии се многу високи.

Скандинавските земји исто така имаат пензии над просекот на ЕУ. Највисока просечна годишна пензија има во Данска – 30.543 евра, а најниска во Шведска – 22.674 евра. Земјите од поранешниот Источен блок имаат генерално пониски пензии, но нудат поголеми социјални придобивки како бесплатна здравствена заштита, транспорт и субвенционирано домување, што го зголемува нивото на социјална сигурност.

Кога се зема предвид куповната моќ, редоследот на земјите се менува: Шпанија се качува од 13. на 4. место, а Турција од последното 34. на 25. место. Наспроти тоа, Швајцарија паѓа од 5. на 15. место, а Словачка од 27. на 33.

Во ЕУ, пензиите во просек изнесуваат околу три петтини од последната плата пред пензионирањето. Сепак, скоро секој шести пензионер е во ризик од сиромаштија, а оваа стапка од 12% во 2013 година се зголеми на 15,5% во 2023 година.

И покрај разликите, за повеќето старии лица во ЕУ, пензиите остануваат главен извор на приходи, со приближно две третини од нивните средства кои доаѓаат од државни трансфери и социјални придобивки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни