Разговорите меѓу Израел и Хамас ќе се одржат во понеделник во Египет

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека во понеделник ќе бидат одржани разговори меѓу претставници на Израел и палестинското движење Хамас за можна размена на израелски заложници во Газа за палестински затвореници во Израел.

Египет ја презема улогата на посредник во нов обид да се обноват преговорите меѓу Израел и Хамас, кои во понеделник треба да се одржат со цел постигнување договор за размена на заложници и затвореници.
Претходно се очекуваше дека разговорите ќе започнат во недела, но според новото соопштение, тие се одложени за понеделник.

Според египетските власти, станува збор за индиректни разговори кои се дел од „напорите за создавање регионален и меѓународен импулс“ поттикнат од претставувањето на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Местото на средбата не е официјално објавено. Претходните медиумски извештаи споменуваа дека разговорите може да се одржат во градот Ел-Ариш на Синајскиот Полуостров, во близина на Појасот Газа. Сепак, најновите информации од неколку телевизиски канали наведуваат дека средбата ќе се одржи во летувалиштето Шарм ел-Шеик, на јужниот дел од Синај.

Според извори блиски до Хамас, делегацијата на оваа организација треба да пристигне во Египет во недела навечер, за да се подготви за разговорите околу мировниот план. Истовремено, израелската телевизија Кан, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека израелскиот преговарачки тим ќе отпатува во Египет во рок од еден ден.

Хамас соопшти дека е „во принцип подготвен“ да ги предаде сите заложници – живи и починати – но под услов Израел да ослободи палестински затвореници и да се обезбедат „соодветни услови на теренот“ за спроведување на размената.

Во моментов, според израелските податоци, 48 заложници се во рацете на исламистичките групи, од кои 20 се уште се живи.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни