Разговорите продолжуваат и денес: Ќе се спогодат ли Украина и Русија во Абу Даби ?

Белата куќа оцени дека првата рунда трилатерални разговори била „продуктивна“

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, одржани синоќа во Абу Даби, ќе продолжат и денеска, соопшти висок функционер на Белата куќа.

Според американските власти, средбата била оценета како продуктивна и претставува прв директен разговор во овој формат од почетокот на војната пред речиси четири години.

„Вчерашниот трипартитен состанок во Абу Даби меѓу САД, Украина и Русија беше продуктивен. Разговорите ќе продолжат и денес“, изјави претставник на Белата куќа за американската телевизиска мрежа NBC News.

Засега не се објавени детали за конкретните теми што се разгледуваат, но продолжувањето на разговорите се толкува како сигнал дека дипломатските напори за пронаоѓање решение за конфликтот сè уште се активни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни