Расте бројот на загинати по нападот во Ерусалим – Палестинците стравуваат од колективна казна

Вооружен напад во Ерусалим остави шест мртви и десетици повредени. Израел најави мерки, а Палестинците на Западната Обала стравуваат од колективна казна.
epaselect epa12361607 Israeli police officers gather near a body next to a bus as they work at the scene of a shooting incident in Jerusalem, 08 September 2025. At least five people were killed and several others injured by gunfire after a shooting incident at Ramot Junction in Jerusalem, according to Magen David Adom (MDA), Israel's national emergency services. EPA/ABIR SULTAN

Палестински вооружени напаѓачи отвориле оган на преполна автобуска станица на северната периферија на Ерусалим, при што се убиени шест лица, а повредени се 12, соопштија израелските власти.

Нападот се случил утринава на крстосницата Рамот. Полицијата изјави дека двајца напаѓачи ги нападнале граѓаните кои чекале автобус, пред да бидат убиени од страна на војник надвор од должност и присутни цивили.

Според итната помош, меѓу жртвите има маж на 50 години, жена во педесеттите и тројца мажи на возраст од триесет години. Единаесет лица се повредени, од кои шест се во тешка состојба со прострелни рани. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, подоцна потврди дека и шесто лице им подлегнало на повредите. Тој изјави дека напаѓачите се Палестинци од окупираниот Западен Брег.

„Ова е страшен терористички напад. Ние сме во војна со радикалниот исламистички тероризам. Европа и меѓународната заедница мораат да изберат страна – дали се со Израел или со џихадистите“, рече Саар за време на посета на Унгарија.

Палестинската група Хамас ги пофали двајцата „борци на отпорот“, но не презеде официјална одговорност. Исламскиот Џихад исто така ја поддржа акцијата. Израелската армија соопшти дека ги опкружува палестинските села околу Рамала како одговор на нападот, и распоредува стотици безбедносни сили во потрага по можни соучесници или експлозиви.

Нападот се случува во контекст на зголемено насилство во окупираниот Западен Брег и Израел. Според податоци на Хуманитарната канцеларија на ОН, од почетокот на војната до јули 2025 година, најмалку 49 Израелци се убиени од Палестинци, додека израелските сили и цивили убиле најмалку 968 Палестинци.

Палестинците на Западната Обала стравуваат од колективна казна по нападот. Новинарката Лејла Варах од бегалскиот камп Аида за Al Jazeera изјави:

„Палестинците се во голема неизвесност и тензија, чекајќи да видат што ќе се случи. Кога војската ќе влезе, движењето станува речиси невозможно. Огромен дел од населението не е вооружен. Тоа се цивили во своите домови, исплашени за своите животи.“

И покрај повиците од меѓународната заедница за смирување на тензиите, ситуацијата во Газа продолжува да ја загрозува регионалната безбедност. Војната доведе до пораст на насилството и во Израел и на Западната Обала, со стотици жртви меѓу цивили и милитанти, според ОН.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни