,,Рани трудови” – проект за промоција на филмските режисери од Македонија

Филип Херин и Јане Алтипармаков во кафе ,,Буква” за гости ќе ги имаат колегите режисери со кои преку проекции на студентски кратки играни и документарни форми ќе пробаат да навлезат во светот на македонските филмски автори

Рани трудови е проект за промоција на филмските режисери од Македонија.

Сезоната есен-зима 2024/25, Филип Херин и Јане Алтипармаков во кафе ,,Буква” за гости ќе ги имаат колегите режисери со кои преку проекции на студентски кратки играни и документарни форми ќе пробаат да навлезат во светот на македонските филмски автори, а на пошироката публиката да и ги демистифицираат естетските и етичките пристапи кон филмот преку биографијата на соговорниците.

Првата синесеанса Јане и Филип ќе ја отворат демистифицирајќи се самите себе со проекција на нивните студентски кратки филмови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни