Рама по најавата дека кинеската компанија ќе бара објаснување: Во Албанија одлучуваат Албанците

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на оваа платформа на една година во Албанија, реагираше премиерот Еди Рама порачувајќи дека „во Албанија одлуки донесуваат Албанците а не сопствениците на алгоритамот Тик Ток“.  

 -Нема што да бара од Албанија, бидејќи во Албанија одлучуваат Албанците, а не сопствениците на алгоритамот Тик Ток. Иако Албанија е премногу мала за да побара од Тик Ток да ги заштити децата и младите од застрашувачките бездни на нејзиниот алгоритам, таа се надева дека Тик Ток ќе го стори тоа за доброто на целото човештво, вклучително и Албанија, стои во реакцијата на Рама.

Според него, одлуката на неговата влада за забрана, најмалку една година, не е избрзана реакција на обичен настан, туку одлука широко консултирана со родителските заедници во училиштата низ Албанија.
-Одуката не е избрзана реакција, туку тоа е неопходно за заштита на децата, зашто Албанија е демократска земја. Нашата одлука не може да биде појасна: или самиот Тик Ток мора да ги заштити децата на Албанија или Албанија ќе ги заштити своите деца од Тик Ток, нагласува Рама.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни