Од компанијата известија дека сите вработени се безбедни, а тековно се проценуваат последиците од неуспешниот тест на локацијата Briggs, позната како „Rocket Ranch“ — објект на Firefly сместен околу 80 километри северно од градот Остин.
„За време на тестирањето во објектот на Firefly во Brigs, првиот степен од ракетата Firefly Alpha Flight 7 доживеа инцидент што резултираше со губење на тој степен. Сите безбедносни протоколи беа почитувани и нема повредени“, соопшти компанијата.
Овој инцидент претставува нова пречка за Firefly во нивните планови за комерцијални лансирања, особено по неодамнешната истрага за неуспешното лансирање во април.
По одобрување од страна на Федералната управа за цивилно воздухопловство на САД (FAA) на резултатите од таа истрага, компанијата најави ново лансирање во текот на следните неколку недели. Ова го потврди и извршниот директор Џејсон Ким, во изјава дадена минатата недела.
Извор: N1info.rs