Иранската агенција за атомска енергија соопшти дека ракета паднала во близина на нуклеарната централа Бушер, но дека нема оштетувања ниту жртви.
Според информациите пренесени од Al Jazeera, повикувајќи се на ирански извори, не е забележана никаква „финансиска или техничка“ штета на објектот.
Од агенцијата предупредуваат дека вакви напади претставуваат прекршување на меѓународните правила за заштита на нуклеарни постројки и може да имаат сериозни последици по регионалната безбедност, особено за земјите од Персискиот Залив.
Иранската страна наведува дека нападот е дел од, како што го нарекуваат, „американско-израелска агресија“, што дополнително ја зголемува загриженоста за можноста од поширока ескалација на конфликтот во регионот.