Рачно напишано писмо на Џон Ленон до Клиптоново ќе биде продадено на аукција

Писмото носи датум 29 септември 1971 година и е нацрт на конечната верзија на писмото што подоцна било испратено до Клиптон, а се очекува да биде продадено на 5 декември за 100 до 150 илјади евра.

Рачно напишано писмо од осум страници, кое Џон Ленон му го упатил на Ерик Клиптон во 1971 година, со кое го поканува да му се придружи на новиот бенд, ќе биде продадено на аукција, објави денеска списанието „Билборд“.

Писмото носи датум 29 септември 1971 година и е нацрт на конечната верзија на писмото што подоцна било испратено до Клиптон, а се очекува да биде продадено на 5 декември за 100 до 150 илјади евра.

„Сигурно веќе знаеш дека Јоко (Оно, сопругата на Ленон) и јас отсекогаш многу ја цениме твојата музика“, пишува на почетокот на писмото. Ленон потоа се допира до темните периоди во животот на Клиптон, со зависност од хероин и неуспешните обиди да го освои срцето на сопругата на Џорџ Харисон, Леноновиот поранешен соработник од Битлси.

Во писмото се изнесува идејата дека Клиптон може да настапува во идниот бенд кој ќе ги вклучува поранешните членови на групата Plastic Ono Band, Клауса Формана (басист и ликовен уметник), Џима Келтнера (бубњар), Ники Хопкинса (клавијатурист) и Фила Спектора (продуцент).

„И, се разбира, ние те имахме на ум“, пишува Ленон до Клиптон, кој веќе бил легендарен блуз и рок гитарист, афирмиран во групата Yardbirds и познат по прекарот „Спорораки“ (Slow Hand).

Клиптон претходно веќе неколку пати настапувал со Ленон, но таа соработка не била официјализирана.

„Мислам дека само ќе ти направи добро ако работиш со луѓе кои те сакаат и почитуваат, што значи со сите нас“, го убедувал Ленон Клиптон во тоа писмо.

Убавите зборови сепак не донеле резултати, Клиптон ја одбил понудата и формирал супер-група „Cream“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни