Иклузивност во акција

Работилници Хефест за лица со физичка попреченост

Работилниците се бесплатни и ќе се одржуваат во наредните шест месеци, на две недели, a наменети се за возрасни луѓе со физичка попреченост и без попреченост и со желба за „ковање“ пркосен дух

Граѓанската организација ПРКОС објавува повик за учество во серија тематски и вклучувачки работилници кои ги нарекоa „Ковачница Хефест”.

Тие се бесплатни и ќе се одржуваат во наредните шест месеци, на две недели, a наменети се за возрасни луѓе со физичка попреченост и без попреченост и со желба за „ковање“ пркосен дух.

,,На нив ќе читаме книги, ќе гледаме филмови, ќе пишуваме есеи, ќе анализираме, ќе полемизираме…Целта ни е преку овие работилници да ги поврземе двата различни света, да ги доближиме и да понудиме начини на меѓусебно разбирање преку дружење, запознавање, разменување вештини и суштини. Всушност, да се надградуваме интелектуално, да практикуваме да размислуваме критички, да сочувстуваме и да се изразуваме (говориме и пишуваме) креативно” велат организаторите.

Работилниците ќе ги осмислува и води Никола Гелевски, главен уредник на книгоиздателството Темплум и на порталот Окно, каде што има многу прилози за попреченост.

Ќе се одржуваат во просториите на ПРКОС, на Ванчо Мицков 7А/2, Тафталиџе 2, Скопје.

Максималниот број на учесници во работилниците е десет, а крајниот рок за пријавување е 10 октомври.

Ова е мејлот каде што е можат да се пријават: prkosime@gmail.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни