Работилница за одбележување на месецот на борба против ракот на дојката

Денес, 30 октомври 2024 година, во 13:00 часот, по повод одбележување на месецот на борба против ракот на дојката, Црвениот крст ќе реализира работилница со психолог во Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст на Република Македонија (сала за состаноци на 1-ви кат). Работилницата ќе биде во време траење од час и половина и е наменета за лица кои страдаат од карцином и би сакале да се вклучат во група за психо-социјална поддршка.

Со овој настан официјално ќе биде означен почеток на работа на група за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти која ќе биде отворена во текот на целата година. Средбите ќе се одвиваат со фрекфенција од две средби месечно (една средба со социјален работник и една средба со психолог) во текот на 12 месеци. Групите се бесплатни за сите лица кои страдаат од карцином.

Програмата вклучува различни активности и стратегии за подобрување на психо-социјалната добростојба на лицата кои страдаат од карцином. Со структурирање на психо-социјалните активности, програмата има за цел да промовира грижа за менталното здравје, емоционална регулација и поддржувачка средина во заедницата. Психо-социјална поддршка за пациентите е важна поради неколку причини:

* Емоционална благосостојба: Добивањето на дијагноза често предизвикува интензивни емоции како што се страв, вознемиреност, тага и гнев. Психолошката поддршка им помага на пациентите да се справат со овие емоции, обезбедувајќи стратегии за управување со стресот и одржување на позитивен став.
* Квалитет на живот: Добивање на податок за конкретна дијагноза и нејзиниот третман може значително да влијаат на квалитетот на животот на пациентот. Психолошката поддршка има за цел да ја подобри севкупната благосостојба преку справување со психолошки стрес, подобрување на вештините за справување и промовирање на издржливост.
* Справување со несигурноста: Третманот на болеста вклучува несигурност за резултатите, што може да доведе до чувство на беспомошност и загриженост. Психо-социјалната поддршка обезбедува алатки за справување со несигурноста, поттикнувајќи чувство на контрола и зајакнување.
* Подобрување на придржувањето кон третманот: Емоционалните и психолошките фактори можат да влијаат на способноста на пациентот да се придржува до плановите за лекување.
* Поддршка при социјална изолација: Психо-социјалната поддршка може да обезбеди можности за социјална интеракција и поврзување со другите кои се соочуваат со слични предизвици.
* Долгорочно прилагодување: Психо-социјалната поддршка нуди стратегии за долгорочно прилагодување, решавање на прашања поврзани со сликата на телото, односите и промените во животниот стил.

Сите заинтересирани може да се пријават на телефонскиот број 070 819 428.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни