Работилница на О2 на тема „Носење на урбанистички планови, закони и ризици од корупција“

­­О2 Иницијатива со поддршка на УСАИД, а во партнерство со МЦМС, ги покануваат сите заинтересирани граѓани и претставници од релевантните институции, на 27 јуни во Хотел Мериот на Работилница на тема „Носење на урбанистички планови, закони и ризици од корупција“.

„Вклучете се активно во планирање на просторот во вашата населба, преку информирање за постапката на носење на еден ДУП, потенцијалните ризици од корупција, насоки како да прочитате еден урбанистички план и воочите неправилности и како да поднесете забелешки. Како да се борите институционално преку поднесување на пријава, барање, претставка. Како да воочите потенцијален ризик од корупција при носење на закони од страна на вашите пратеници“ велат од О2.


Агендата на настанот е следна

15:45 – 16:00 Пристигнување и пријавување

16:00 – 16:10 Вовед

16:10 – 16:40 Како се носи ДУП, кои се потенцијалните ризици од корупција, анализа на случај, како граѓаните да се вклучат активно – Здружение О2 Иницијатива

16:40 – 17:10 Правен аспект на поднесување на пријави, барања, претставки на воочени неправилности – Бојан Трпевски, Здружение на млади правници

17:10 – 17:30 Кафе пауза со закуска

17:30 – 18:00 Како се чита синтезен план, легенда, нумерички дел, посебни услови за изградба – Биљана Петрова, диа

18:00 – 18:30 Читање на различни синтезни планови – интерактивен дел

18:30 – 19:00 Носење на закони и потенцијалните ризици од корупција – Здружение О2 Иницијатива

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни