Работеле во Германија, ќе плаќаат дома: студентите затекнати од данок за „Work & Travel“

Од УЈП за „Студентарија“ потврдуваат дека ваквиот доход подлежи на оданочување во Македонија, и тоа врз основа на вкупната заработка, а не само на повратот на данокот од Германија, како што претходно се шпекулираше.

Студентите што работеле сезонски во Германија преку „Work & Travel“ ќе треба да платат данок во Македонија за целата заработка, велат од УЈП по реакцијата на студентската платформа „Студентарија“.

По бројните реакции во јавноста, „Студентарија“ побара официјално појаснување од Управата за јавни приходи (УЈП) околу оданочувањето на заработката на студентите кои работеле сезонски во Германија преку програмата „Work & Travel“.

Од УЈП за „Студентарија“ потврдуваат дека ваквиот доход подлежи на оданочување во Македонија, и тоа врз основа на вкупната заработка, а не само на повратот на данокот од Германија, како што претходно се шпекулираше.

Според појаснувањето, клучен е договорот за избегнување на двојно оданочување меѓу Македонија и Германија. УЈП наведува дека доколку престојот во Германија е пократок од 183 дена, што, како што истакнува „Студентарија“, важи за сите студенти во оваа програма, тогаш данокот се плаќа во Македонија.

Ова, според институцијата, е и причината зошто германските власти вршат поврат на веќе платениот данок во Германија.

Дополнително, од УЈП за „студентарија“ појаснуваат дека студентите имаат обврска да поднесат електронска пресметка (е-ПДД) за доходот остварен во странство и да достават соодветна документација, врз основа на која се утврдува конечната даночна обврска.

Темата предизвика сериозна конфузија кај студентите, особено поради различните и често контрадикторни информации што ги добивале во изминатиот период. За многумина, ова значи дополнителен финансиски товар. Дел од студентите веќе ја потрошиле заработката од сезонската работа, а сега се соочуваат со обврска да платат данок во Македонија, како да работеле во земјава

Извор „Стуентарија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни