Пума претставува нови патики инспирирани од Пикачу

Новите патики се инспирирани од еден од најпознатите Pokémon ликови – Пикачу.

По успешниот модел PUMA Suede со Mewtwo минатата година, PUMA и Pokémon ја продолжуваат соработката со новата, впечатлива верзија на моделот All-Pro Nitro 2. Новите патики се инспирирани од еден од најпознатите Pokémon ликови – Пикачу.

Со приближувањето на 30-годишнината на популарната франшиза, соработката го нагласува спортскиот перформанс без да ја жртвува препознатливата заиграна естетика. Горниот дел на патикиот е во живописна жолта боја, додека јарката подлога е комбинирана со остри црни детали и суптилни металик акценти. За премиум ефект, црвените детали од груба кожа околу дупките за врзување и темнобордо тоновите на петата ја комплетираат визијата. Идентификацијата на соработката е истакната со графики на Pikachu и Pokémon логото на петата и улошките.

Покрај визуелниот впечаток, All-Pro Nitro 2 е еден од елитните PUMA кошаркарски модели, создаден за игра на паркети. Моделот користи NITRO SQD меѓупотплатка за високи перформанси, која балансира меѓу амортизација при удар и брза реакција. Надворешниот потплат е дизајниран со динамички шеми за подобро приаѓање и поддршка при нагли промени на правецот, овозможувајќи функционалност за секојдневни кошаркари.

Моделот Pokémon x PUMA All-Pro Nitro 2 “Пикачу” ќе биде достапен од 1 април преку официјалната веб-страница на PUMA и кај избрани продавачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни