Пукање и експлозии во Нигерија, се шири вознемирувачка снимка

Повеќечасовна пукотница и експлозии се слушале кај аеродромот во главниот град на Нигер. Се шири видео, властите без коментар.

Долготрајна пукотница и повеќе експлозии биле слушани рано утринава во близина на меѓународниот аеродром во Ниамеј, главниот град на Нигер, објави Reuters.

Според изјави на очевидци, пукањето траело повеќе од еден час, а видео-снимка споделена на социјалната мрежа X прикажува ноќна панорама на градот осветлена од истрели. Сепак, Reuters наведува дека не можел независно да ја потврди автентичноста на снимката.

Портпаролот на воената влада на Нигер, која ја презеде власта по пучот во јули 2023 година, засега не бил достапен за коментар.

Нигер, како и соседните Мали и Буркина Фасо, често се соочува со напади од џихадистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламска држава. Овие групи досега убија илјадници луѓе и предизвикаа раселување на милиони жители во трите западноафрикански земји.

Состојбата во регионот Сахел останува нестабилна, а безбедносните инциденти во близина на стратешки објекти, како што е аеродромот во Ниамеј, дополнително ја зголемуваат загриженоста за безбедноста во земјата.

Извор: Reuters / Hina

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни