Пукање на Тајмс Сквер, повредени три лица

Пукањето од огнено оружје се случило околу 1:20 часот наутро во една од најпопуларните туристички дестинации во Њујорк

Три лица се повредени во пукотница на Тајмс Сквер во Њујорк, јавува Асошиејтед Прес, повикувајќи се на полицијата на тој американски град. Едно лице е приведено и испрашувано поради инцидентот, јавува американската агенција.

Пукањето се случило околу 1:20 часот наутро во една од најпопуларните туристички дестинации во Њујорк. Засега нема дополнителни детали за тоа што точно се случило, а полицијата во Њујорк сè уште не одговорила на барањето на Ројтерс. 

„Њујорк тајмс“ пишува дека жртвите, 19-годишен и 65-годишен маж, биле застрелани во нозете, а 18-годишна жена чиј врат бил изгребан. Портпаролката на полицијата објави дека нивните животи не се во опасност. 

Пукањето се случува за време на изборната кампања за градоначалник на Њујорк во која борбата против криминалот е едно од клучните прашања. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни