Пукање во училиште во Австрија, има неколку загинати

Засега нема информации за мотивот, а полицијата на Австрија извести дека полициската акција во и околу училиштето се уште трае

Масовно пукање се случило утрово во училиштето Борг Драјершиценгасе, во Грац, Австрија.

Според информации на австриски медиуми, убиени се најмалку пет лица.

Според полициски извори пак, сторителот најверојатно е ученик и се верува дека извршил самоубиство.

Засега нема информации за мотивот, а полицијата на Австрија извести дека полициската акција во и околу училиштето се уште трае.

„Во моментов има полициска акција во Грац. Ве молиме следете ги инструкциите од полицијата“, стои во соопштението на австриската полиција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни