Пукање во едукативен центар за возрасни во Шведска

Шведската полиција денеска соопшти дека пет лица биле застрелани во едукативен центар за возрасни во шведскиот град Еребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм, јавија светските агенции. 

Властите соопштија дека опасноста не поминала и ја повикаа јавноста да не се приближува до објектот.

„Извештаите за насилство во Еребро се многу сериозни. Полицијата е на местото каде што се случило пукањето и операцијата е тек. Владата е во близок контакт со полицијата и внимателно ја следи ситуацијата“, изјави шведскиот министер за правда Гунар Штромер за шведска новинска агенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни