Птици, корали, пчели – на кои животински видови им се заканува истребување?

Во светот постојат околу 2 милиони познати животински видови. Климатските промени би можеле да предизвикаат истребување на половина од нив

Во изминатите 50 години, има просечен глобален пад од рекордни 73% на популациите на мониторирани животни. Половина од сите видови би можеле да исчезнат во 2050 година. За сите видови каде што е позната големината на популацијата, 48% се намалуваат во популацијата, 49% се стабилни и 3% се зголемуваат. Околу половина од сите познати популации на инсекти се намалуваат во големина. Еден од секои осум видови птици во светот се загрозени со истребување, а популацијата на ајкули во океаните е намалена за 71%.

Иако ајкулите се клучни видови и поддржуваат цели синџири на исхрана, сепак, секоја година се убиваат сто милиони од нив. Како последица на тоа, алгите се размножуваат неконтролирано и ги убиваат коралите коишто го сочинуваат гребенот.

За жал, дали ќе биде забранет ловот на ајкулите или не, не ја менува многу судбината на самите корални гребени. Се очекува да изумрат 99% од сите корални гребени бидејќи водите околу нив стануваат премногу топли.

Друг важен животински вид кој се соочува со опаѓање на популацијата од климатските промени е пчелата – инсект кој опрашува третина од храната којашто ја јадеме. Во високо загадените области, овие инсекти се соочуваат со негативни последици по здравјето, вклучително и пократок животен век и ја прекинува нивната способност да најдат цвеќиња.

Покрај тоа, зголеменото ниво на јаглерод диоксид ја зголемува стапката на раст на одредени растенија, од кои зависат пчелите. Иако ова може да звучи како добра вест, зголемената стапка на раст не се совпаѓа со зголемено ниво на протеини и други хранливи материи. Со други зборови, пчелите ќе мора да соберат уште повеќе полен за да ги добијат потребните хранливи материи. Сите овие проблеми се надополнуваат со фактот дека климатската криза постои и моментално му се заканува на живеалиштето на пчелите со екстремни врнежи од дожд и зголемен број на суши, пожари и поплави.

Сепак, има и добри вести за глобалните популации на животни. Сосема е можно глобалните емисии на стакленички гасови да го достигнат врвот, што е првиот чекор за да се осигураме дека светот нема да се загрее над 2 степени Целзиусови. Одржувањето на на температурата на светот на најмалку 2 Целзиусови степени, иако не е добра опција, драматично ќе го намали бројот на животински видови за кои се предвидува дека инаку ќе исчезнат. Меѓутоа, за да се случи тоа, мора да се направи повеќе за да се осигураме дека светот ќе ги намали своите емисии и дека навреме ќе да ги избегне најлошите ефекти од климатските промени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни