Нема крај на сагата помеѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен. Сега, се појави нова фаза со тужбата што официјално ја поднесе клубот.
Имено, клубот од Париз е огорчен од начинот на кој Мбапе го напушти колективот, без оштета, откако му беа исплатени 180.000.000 евра на Монако.
„Овој договор не беше обврзувачки бидејќи не беше ниту формален ниту потпишан и нема докази дека постоел претходно споменатиот „џентлменски договор“. Бараме 55 милиони евра отштета од ПСЖ за исклучувањето на Мбапе од тимот откако тој објави дека го напушта клубот на крајот од сезоната“, објавија адвокатите на Мбапе.
Мбапе го направи првиот чекор, откако замина во Реал Мадрид, и го тужеше поранешниот клуб за 55 милиони евра. Тој дури побара од УЕФА да го исклучи ПСЖ од сите негови натпреварувања.
Затоа ПСЖ сега одговори со контратужба, барајќи дури 98 милиони евра од Мбапе.