Во текот на оваа седмица Македонија и целиот регион ќе бидат под влијание на антициклон од јужен правец, што ќе донесе суво време и повеќе сончеви денови. Локално ќе има и зголемување на облачноста, но во целост времето ќе биде пријатно и пролетно.
Температурите ќе бидат значително над просекот за почетокот на март. Во Повардарието и во југоисточните делови се очекува термометарот да достигне и до 20° Целзиусови степени, додека во Скопје и околината ќе се искачи до околу 15° Ц.
Утринските и ноќните температури, и покрај топлиот ден, ќе останат пониски во одредени делови на земјата, особено на планините, каде што може да се појави слаб утрински мраз.
Ова е вистинска најава за пролет, па граѓаните можат да го искористат времето за прошетки на отворено и активности надвор од домот, додека се очекува температурите постепено да останат повисоки од просекот во следните денови.