Адреналин, тимски дух и креативност на првото издание на Red Bull Педалинка во светот

Првиот Red Bull Педалинка натпревар во светот се одржа во Охрид

Првиот Red Bull Педалинка натпревар во светот се одржа на 24 август на старото пристаниште во Охрид во рамките на Ohrid Water Festival.
Фото: Прво, второ и трето место на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 / © Александар Чески

Оваа уникатна трка со педалинки, во склоп на Оhrid Water Festival, привлече тимови од цела Македонија, спојувајќи ги спортот, креативноста и тимскиот дух на едно место.

Натпреварот беше поделен на неколку елиминациски рунди, каде што тимови од четворица, маскирани и подготвени за акција, се натпреваруваа и се соочија со различни забавни предизвици кои бараа брзи реакции, исклучителна тимска работа и секако, стратегија од почеток до крај.  

Тимот „Богови на промајата“ доминираше на Охридското езеро со својата одлична тактика, тимска синхронизација и упорност, освојувајќи го првото место и главната награда на Red Bull Педалинка. Покрај наградите за прво, второ и трето место, тимот “Winx” со својата уникатна и креативна тимска маска, ги освои гласовите на стручното жири и ја освои наградата за најкреативна тимска маска.

На премиерното издание на Red Bull Педалинка, тимовите ги покажаа нивните најдобри вештини, нивната исклучителна креативност и тимска координација, а публиката со своето бодрење придонесе за создавање на една фантастична атмосфера, исполнета со позитивна енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни