Првиот комерцијално достапен компјутер во историјата, UNIVAC I, беше испорачан во 1951 година, означувајќи почеток на модерната компјутерска индустрија. Развиен од Џон Преспер Екерт и Џон Маучли, креаторите на ENIAC, овој систем првпат го донесе компјутерот од лабораториите – во реална, практична употреба
Од воена технологија до бизнис алатка
Компјутерот бил развиен преку компанијата Eckert-Mauchly Computer Corporation, која подоцна ја купува Remington Rand. Првиот UNIVAC I бил испорачан на Американското биро за попис на 31 март 1951 година.
Импресивни бројки за тоа време
Компјутерот тежел околу 13 тони, зафаќал простор од 35,5 м² имал 5.200 вакуумски цевки и брзина: околу 1.000 операции во секунда
Користел магнетни ленти за складирање, револуционерно за тоа време
Што правел UNIVAC?
Главната цел била обработка на големи количини податоци попис на население, статистика и бизнис анализи.
Со тоа, UNIVAC го означи преминот од воени пресметки (како кај ENIAC) кон цивилна и економска употреба на компјутерите.
Моментот што го прослави компјутерот
На изборите во 1952 година, UNIVAC точно ја предвиде победата на Двајт Ајзенхауер. Прогнозата била емитувана на CBS и го шокирала светот – компјутер првпат „победи“ човечки аналитичари.
Колку чинел?
Цената била Околу 1 милион долари (денес: десетици милиони) и биле вкупно произведени 46 машини.
UNIVAC I го отвори патот за модерните компјутери, го воведе користењето на бинарен код и надворешна меморија и постави темели за индустријата во која подоцна доминираше IBM
UNIVAC не бил само машина – туку пресвртница. Од 13-тонски „џин“ до денешни лаптопи и AI системи, токму тука почнува дигиталната револуција.