Првиот човек на Levis против перењето фармерки: „Моите не виделе машина за перење една година“!

Директорот на најпознатиот светски бренд за фармерки „Levi Strauss“, Чип Берг, советуваше фармерките да се чуваат во замрзнувач за да се намали ширењето на микробите и да се отстранат непријатните мириси.

Според првиот човек на Levis, фармерките треба да се перат со сунѓер или стара четка за заби, редовно да се проветруваат и да се чуваат во замрзнувач.

По изјавата на директорот на најпознатиот светски бренд за фармерки „Levi Strauss“, Чип Берг, кој ги повика клиентите да не ги перат фармерките, за да заштедат вода, се појавија лавина од коментари.

По учеството на еколошка конференција организирана од списанието Fortune, Берг забележа дека фармерките што ги носел во тоа време не виделе „машина за перење една година“.

Првиот човек на „Levis“ изјави дека е доволно да се отстранат евентуалните дамки со сунѓер или стара четка за заби и редовно да се проветруваат фармерките.

Тој исто така советуваше фармерките да се чуваат во замрзнувач за да се намали ширењето на микробите и да се отстранат непријатните мириси.

„Никогаш порано не сум имал никаква кожна болест“, истакна тој, поддржувајќи ја својата необична теорија. „Најважно е да се зачува природата“, заклучи Берг.

Коментарите и реакциите по изјавата на Берг на социјаните медиуми се мешани:

„Фармерките ги перете со четка за заби, но забите ги миете во машина за перење“, „А како дотичниот се грижи за животната средина кога својата гардероба ја чува во замрзнувач, кој троши електрична енергија што не паѓа од Марс“, „Се бореше за медал“, „Колку отрови се ослободуваат во природата за време на производството на фармерки“ – ова беа само дел од коментарите.

Како можат да се зачуваат што е можно подолго?

Како да ги одржувате вашите омилени фармерки за да траат што е можно подолго. Ова се некои од работите на кои треба да се придржувате:

  • перете ги во машина на ниска температура
  • избегнувајте сушење во машина
  • не перете ги со четка
  • избегнувајте хемиско чистење
  • држете ги преклопени, а не да висат цело време, за да не се растегне ременот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни