Првата нуклеарна фузиска електрана во светот се гради во САД за да ги напојува дата центрите на Мајкрософт

Првата нуклеарна фузиска електрана во светот се гради во САД од компанијата Хелион, со цел да ги напојува дата центрите на Мајкрософт со чиста енергија до 2028. Новата ера на енергетска независност започна.

Хелион Енерџи, компанија со седиште во Вашингтон, започна со изградба на нуклеарна фузиска електрана во округот Чилан (Chelan County), под името Орион. Целта е до 2028 година да се произведува електрична енергија од фузија и да се испорачува до дата центрите на Мајкрософт.

Компанијата е поддржана од Сам Алтман (OpenAI) и инвестициониот фонд на SoftBank, и има за цел да произведува евтина, чиста електрична енергија користејќи гориво добиено од вода.

„Денес е важен ден – не само за Хелион, туку за целата фузиска индустрија“, изјави ко-основачот и извршен директор Дејвид Кертли.
„Започнувањето со градежните активности не доближува чекор поблиску до нашата визија – фузијата да стане реален извор на енергија.“

Енергија без емисии од јаглерод

Локацијата е внимателно избрана – лесен пристап до преносна инфраструктура, како и долга историја на енергетска иновација. Орион ќе се приклучи на главната мрежа на Вашингтон, блиску до дата центрите на Мајкрософт.

Во 2023 година, Хелион потпиша прв договор за откуп на енергија (PPA) за испорака на струја од фузија до Мајкрософт до 2028 година. Компанијата „Констелејшн Енерџи“ ќе биде енергетски посредник.

“Фузијата претставува инспиративна иднина“

„Фузијата е инспиративен чекор напред во глобалната потрага по чиста и изобилна енергија“, рече Мелани Накагава, директорка за одржливост во Мајкрософт.
„Горди сме што го поддржуваме пионирскиот напор на Хелион.“

Хелион веќе има постигнато технолошки пресврт

Со својот претходен прототип Трента (Trenta), Хелион беше првата приватна компанија што постигна температура на горивото од 100 милиони степени Целзиусови – прагот што се смета за неопходен за комерцијална фузиска реакција.

Изградбата во Малага, Вашингтон, се одвива на земја изнајмена од Јавниот енергетски дистрикт на Чилан, по спроведена еколошка проценка според законите на државата Вашингтон (SEPA).

Компанијата продолжува со добивање на дозволи за целосна изградба и работа на комерцијална фузиска електрана.

Прототипот Polaris и предизвиците пред фузијата

Фузијата создава енергија така што атоми се судираат еден со друг, ослободувајќи топлина без значајно загадување или радиоактивен отпад. Но, клучниот предизвик останува: да се произведе повеќе енергија отколку што се троши за одржување на реакцијата – нешто што сѐ уште никој не го постигнал со сигурност.

Хелион моментално работи на новиот прототип Polaris, лоциран во Еверет, Вашингтон, со цел конечно да го надмине овој праг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни